ВИДЕО: Еве го сценариото што го посакува Заев во Македонија?

Оддамна веќе е јасно дека Зоран Заев го посакува украинското сценарио во Македонија. Целиот негов план се базираше на креирање хаос, безредие, крвопролевање, па и поделба на Република Македонија, пишува „Курир“.

Целото сценарио кое требаше да ја преслика ситуацијата во Македонија беше најавено и во скајп конверзацијата помеѓу Зоран Верушевски и неговиот соработник од УБК. Да потсетиме дека ова сценарио СДСМ, Заев и Верушевски се обидоа да го реализираат на протестите на 6 мај, каде што повеќе од 30тина припадници на безбедносните сили беа повредени од страна на хулиганите.

Истото сценарио денеска Зоран Заев го најави и на неговото гостување во емисијата Топ Тема, каде што водителот го праша опозицискиот лидер дали со одлуката, Претседателот поставил темели за украинско сценарио, на што Заев одговори:

Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.

 

skajp-cador

edmond-ademi-fb

Јавноста во Македонија е добро запознаена дека истите луѓе на Срџа Попович од Канвас што го реализираа украинското сценарио, а беа и тренери за протести во опозициските редови и ги обучуваа нивните членови заедно со навивачките групи како да протестираат и да направаат хаос и крвопролевање.

Во текот на украинското сценарио илјадници луѓе ги загубија своите животи, насекаде низ улиците можеше да се види морбидни глетки каде што распарчени луѓе лежеа по улиците, беа запалени државните институции, економијата на државата пропадна, БДП падна за повеќе од 10, делови од државата тонеа во криза и огромен број на фабрики беа затворени.

На очиглед на јавноста Зоран Заев како единствено решение за своите лични фрустрации и интереси, го гледа украинското сценарио и да ја втурне Република Македонија во длабока криза и крвопролевање по улиците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.