ВИДЕО: Eве како би изгледало летување во Сирија

Министерството за туризам на Сирија објави ново видео кое треба да ги убеди странците да го поминат одморот во земјата зафатена од граѓанската војна. Рекламната кампања се спроведува под мотото „Сирија секогаш е преубава“.

Како што соопштила ТВ Ел Арабија, видеото е речиси целосно снимено во подрачјето на градот Тартус и е посветено на одмор на Средоземното море . На видеото нема споменици под заштита на на УНЕСКО кои се урнати во текот на воените акции.

Целосно е уништен стариот дел на Алепо, а се уништени храмовите и триумфалната капија на Палмира. Селата на северна Сирија во која жителите чувале арамејска култура се опустошени.

Во голема мерка е оштетена и тврдината Крад де Шавалије и старите споменици на Дамаск.

Погледнете го видеото: