ВИДЕО: Еве како настанува туморот

За прв пат научниците веруваат дека се во можност во континуитет да го следат движењето на ќелиите на ракот додека тие го формираат туморот. Во објавеното 3Д видео се гледаат ќелиите на ракот како активно ги вовлекуваат околните здрави ќелии.

Научниците од Универзитетот во Ајова открија дека ќелиите од ракот на дојката ја користат единствената структура на кабли за да се закачат за околните ќелии.

Не се работи за тоа дека се лепат една за друга. Се чини дека ќелиите на ракот активно регрутираат нови. Тоа е мошне комплицирано и воопшто не станува збор за пасивен процес. Никој немаше поим дека во тој процес учествуваат специјализирани ќелии и дека помал број од нив ги вовлекува останатите внатре, вели Дејвид Сол, професор по биологија и еден од авторите на студијата.

Научниците се надеваат дека ова откритие ќе ги продлабочи нивните сознанија за тоа како функционираат ќелиите на ракот.