ВИДЕО: Еве што се случува со кожата кога ќе изгорите на сонце

Sun Protection At The Beach

На сите ни е добро познато дека со се подолгото време поминато на сонце го зголемуваме ризикот за рак на кожа, но дали всушност знаете како настануваат изгорениците?

На приложеното видео можете да погледнете зошто бојата на вашата кожа се менува со излегувањето на сонце. Изгледа дека за црвенилото кое настанува кога ќе изгорите не е виновно сонцето, туку вашата кожа.

Кога телото ќе почне да ги детектира УВ зраците, рецепторите во кожата произведуваат посебни станици, меланоцити, кои произведуваат меланин и предизвикуваат потемнување на кожата.

УВ зраците ја оштетуваат ДНК-та на вашите станици. Ако се уништат премногу станици, тоа само по себе предизвикува реакција односно изгореници.

За да ја заштитите вашата кожа, намачкајте се со крема за сончање со фактор 15 или поголем, бидете под сенка кога сонцето е најсилно и немојте да заборавите редовно да се мачкате со крема, а главата да ја заштитите со шешир.