ВИДЕО: Еве за кого бил наменет пеналот на Меси

Се уште во јавноста не стивнува еуфоријата за потегот кој со изведе Лионел Меси на натпреварот против Селта,  а Нејмар и Иниеста откриваат за кого била наменета асистенцијата на Меси со пеналот.

Меси наместо да ја шутне топката кон голот, ја додаде на десната страна по што голот беше постигнат од Луис Суарез.

Меѓутоа, играчите на Барселона тврдат дека додавањето не било наменето за Суарез.

Асистенцијата на Меси од пеналот? Тоа беше за мене, ха ха ха. Ние често тоа го вежбавме на тренинзите, но и Луис се моткаше наоколу. „Дебелкото“ сега стигна пред мене, беше побрз, изјави насмеаниот Нејмар по натпреварот.

Капитенот Андрес Иниеста исто така беше прашан за мајсторијата која го обиколи светот.

Дали Меси сакаше да му асистира на Нејмар или Суарез? Па…можеби беше за Нејмар, изјавил низ смеа капитенот на Барса.

WATCH: Messi and Suarez’s superb penaltyWATCH: “It’s testimonial football.”This is simply sublime from Leo Messi and Luis Suarez.More here: http://skysports.tv/wZmKLv

Posted by Sky Sports on Sunday, February 14, 2016

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.