ВИДЕО: Европски полициски стандарди – Споредба меѓу Македонија и „цивилизираната“ Холандија

holandija roterdam
Холандија Ротердам

Холандија е западноевропска земја, членка на Европската унија, која постојано се фали со слободите и правата кои им ги овозможува на своите граѓани.

Изминативе неколку дена Холандија е во конфликт со Турција, по скандалот што го направија властите во Ротердам кога присилно депортираа турски министер. Исто така, холандските власти не му дозволија на друг турскиот миинистер да одржи говор на митинг на негови сонародници во оваа земја.

По ова се случија протести на холандски државјани со турско потекло, кои полицијата ги разбиваше буквално на најбрутален начин. Видеото во прилог ја покажува полициската бруталност и кршење на човековите права во Холандија, кога полицајците дозволуваа нините кучиња да ги напаѓаат и касаат беспомошните демонстранти, меѓу кои има и жени и деца.

Во Македонија, пак, две години континуирано се случуваа протести, поттикнати од амбасадори на некои западноевропски земји, а на кои безмилосно се уништуваа јавни објекти, се демолираа медиуми, се палеше македонското знаме, па дури и физички се напаѓаа новинари, полицајци, но и недолжни граѓани.

Македонските полицајци, за разлика од нивните колеги во Холандија, останаа присебни и далеку поцивилизирани во дејствувањето на протестите. Резултатите од дивеењето беа десетици повредени полицајци и новинари.

Во прилог објавуваме нејколку видео записи од однесувањето на демонстрантите, кои ги управуваше опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Во следното видео се гледа како демонстрантите во Скопје демолираат објекти и напаѓаат недолжни граѓани.

Дали според стандардите на Холандија, земја која постојано се фали дека и’ помага на Македонија за да ја унапреди својата демократија и човековите права, македонската полиција требаше да употреби брутални методи, како холандската полиција, за да го постигне цивилизираното и демократско ниво на оваа членка на ЕУ?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.