ВИДЕО: Евровизиските претставници на БиХ бараат финансиска помош од дијаспората

Учеството на Изборот за песна на Евровизија е прашање на престиж, но тоа воедно претставува и голем трошок.

Пред неколку дена Босна и Херцеговина ја претстави својата песна за Евросонгот, која ја изведуваат Дин, пејачката Далал, раперот Јала и хрватската виолончелистка Ана Руцер.

Но, иако имаат песна, на претставниците на Босна и Херцеговина им недостигаат финансиски средства.

Затоа, евровизискиот тим на БиХ почна да собра донации преку страниците на АПУ Нетворк, мрежа која денес брои повеќе од 500 членови и делува во областите на образованието, науката, културата и спортот, за да обезбеди средства за продукцијата, настап на Евросонгот во Стоклхолм и за сместувањет во хотел.

– Ги повикуваме приватните лица, здруженија и фирмите за поддршка на учеството на Босна и Херцеговина на овогодишната Евровизија во Стокхолм од 10 до 14 мај 2016 година, објави тимот.

Целта на оваа кампања е во што покус рок да бидат собрани 376.900 шведски круни (40.300 евра) за трошоците за учество, патувањето и претстој на претставниците на Босна и Херцеговина на Евросонгот.

Иако натпреварувањето е во мај, трошоците требаат да се платат веќе во средината на март, стои на страницата на непрофитната волонтерска организација со седиште во Стоклхолм, која ги собира иселениците од БиХ кои живеат и работата во Шведска и околните земји.