ВИДЕО: „Езерски ефект” ја предизвика снежната бура во САД

„Езерски ефект”  предизвикал обилни снежни врнежи, кои зедоа човечки жртви, во американската сојузна држава Њујорк, пишува The Weather Network.

Целата територија на САД е претворена во снежен пекол. Температурите паднаа под нулата, па дури и на топлиот островот Хаваи.

„Езерски  ефект” се добива кога студениот воздух поминува над релативно топлите води наГолемите езера. Откако воздухот ќе се насити со топлина и влага од површината на езерата, се создаваат силни снежни бури. На места снегот достигнува 1,20 метри. Температурите во САД во вторникот биле ниски во целата земја. Тоа утро според метеоролозите било најстудено утро од 1976 година до сега. Обично ваквите мразови во САД се карактеристични за јануари и февруари. Снежната покривка достигнува метар и половина и продолжува да се зголемува.

Многу веројатно е да биде постигнат рекордот за САД од 193-сантиметри снежна покривка за 24 часа. Властите ги повикаа жителите на погодените области да останат во своите домови. “Снежната покривка во јужните региони на Бафало е над метар, а поради силниот ветер наносите достигнуваат метар и половина”, рече Бајрон Браун, градоначалник на Бафало, Њујорк. Четири лица биле жртви на силна снежна бура токму во БАфало, каде има  рекордни врнежи и блокирани  жители и  домовит како и  автомобили . Во некои делови од округот Ири снежните врнежи во изминатите три дена се еднакви на тригодишната норма, изјави претставник на локалната администрација.

Рекордните  снежни врнежи беа придружени од грмотевици. За помалку од едно деноноќие многу области јужно од градот, кој се наоѓа во близина на Нијагарините водопади, беа затрупани од снежна покривка со дебелина над 1,5 метри. Властите објавена и за други смртни случаи. Невообичаено студен  бран ги зафати сите 50 американски држави.