Магазин

ВИДЕО: Фантастичниот настап на Кајмакоски на Златна Бубамара

ВИДЕО: Фантастичниот настап на Кајмакоски на Златна Бубамара

Балканскиот миленик и потенцијален победник на мегапопуларното шоу Х факто, Даниел Кајмакоски синоќа беше специјален гостин на Златна Бубамара.

Младиот и талентиран пејач, на свој начин, скромно и шармантно се заблагодари за Бубамарата за Откритие на годината додавајќи дека ако некој му кажел дека на 30 години ќе добие награда за открие никогаш немало да му поверува.

„Вашата љубов ја чувствувам до Белград. Да ми кажеше некој дека на 30 години ќе бидам откритие на годината, немаше да поверувам, но судбината е таква. Ќе ја оправдам оваа чест која ми ја дадовте“, рече Даниел.

Даниел, кој при влезот во Универзалната сала беше нападнат од многу обожавателки, ја раснежни публиката со пеење на песната Red, потоа настапи и заедно со Тони Зен.

За да не чекате до сабота, погледнете го неговиот настап и примањето на првата златна статуетка. Златна бубамара доби и продукацијата на Х фактор за најдобра музичка емисија.