ВИДЕО: Ферги раскажа за концертот на кој се измокри на сцена

Поп пејачката Ферги прв пат раскажа што всушност се случило на концертот во Сан Диего во 2005. година, кога додека ја изведувала песната „Let’s Get It Started“, се измокрила на сцена.

Девет години подоцна таа во една емисија ја раскажа вистинската верзија на неславниот момент, нарекувајќи го „најнепривлечен момент во својот живот“.

Таа објаснила дека брзала со бендот да излезе на сцена и дека немала време да оди до тоалет.

-Доцневме на концерт и кога стигнавме буквално веднаш моравме да излеземе на сцена. Едноставно почуствував налет на адреналин, скокав и трчав по сцената, рекла Ферги.

Додека ја изведувала таа песна мочниот меур на Ферги попуштил и таа се измокрила, а тоа публиката го забележала.

-Би сакала тоа да не се случеше…ми беше многу срам, рекла таа.