(Видео) Формула 1 добива градска трка во Мајами

Формула 1 од следната сезона ќе добие уште една градска трка, откако градските власти на Мајами донеле едногласна одлука нивниот град да биде дел од Ф1 циркусот. Градоначалникот Емилио Гонзалес во наредниот период треба да ги почне преговорите со Ф1 околу финансиските детали кои воопшто не треба да претставуваат проблем.
Гонзалес до 1. јули на градската комисија треба да и го достави договорот по што и официјално ќе биде потврдено дека Мајами добива Формула 1 трка следната сезона.

Трката во мајами ќе биде една од најатрактивните на која ќе се вози и преку мост,а веќе е објавено видеото со објаснување како би изгледала трката во овој град на Флорида во САД.

Маркетинг менаџерот на Ф1 искажа задоволство по завршената прва фаза од преговорите.

Презадоволни сме по успешните први преговори. Формула 1 за Мајами претставува одлична можност за тркачки спектакл, изјави новиот маркетинг директор на Ф1, Шин Брачес.