Магазин

Видео+Фото: Арапското море целосно пресуши

Видео+Фото: Арапското море целосно пресуши

Аралското море е лоцирано во централна Азија а се вбројуваше во 4-те најголеми природни езера во светот.

Тоа е едно од ретките езера кои имаат солена вода (токму поради тоа се нарекува Аралско море), а воедно од него се излеваа две реки кои ја наводнуваа цела источна Азија.

nasa.si

Денес ова езеро го снема.

-Ова е прв пат источниот базен потполно да пресуши. Истовремено ова е и прв пат во последниве 600 години езерото да го снема, изјавил Филип Мицкилн, експерт во областа на Аралското море.

Научниците сметаат дека за време на 1950-те и 60-те се случило најголмото зло кое придонела ова езеро денес целосно да пресуши.

Имено, за да се зголеми производството на памук, советските инжинери го пренасочиле текот на реките Аму Дарја и Сир Дарја. Како резултата на тоа, коритото на езерото се полнело со хемикалии, истовремено неговата соленост се зголемила со што го уништила целиот жив свет во него.

Сликите снимени од НАСА ја покажуваат страшната вистина за езерото, кое е најлошиот пример за влијанието на климатските промени кои во комбинација со „човековата рака“ постепено и засекогаш ја уништуваат природата.

2000 година:

nasaaralsea_tmo_2000238_lrg

2009 година:

nasa.aral_sea_20090816_lrg

2014 година:

nasa.aralsea_tmo_2014231_lr

Денес веќе не може ништо да се превземе за да се подобри и да се спаси споменот на она што беше Аралското море.

nasa.1