ВИДЕО/ФОТО: Цел свет во потера по човекот кој го ограби Путин!

Интерпол покренал меѓународна потрага по рускиот државјанин Сергеј Пугачев, некогаш познат како „банкарот на Путин“, кој неодамна банкротирал и ја напуштил Русија.

Руските власти го обвинуваат Пугачев за кражба на државни пари, кои ги добил како поддршка за неговата сега веќе згасната банка „Межпромбак“, која пропаднала за време на светската финансиска криза, во текот на 2008 и 2009 година, објавува АФП, пренесува Нетпрес.

Државната поддршка, која исчезнала кога дошла во рацете на Пугачев, изнесува една милијарда американски долари.

Пугачев (51) своевремено бил неформален водач на влијателната група, која се смета за одговорна за апсењето и затворањето на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски, пред околу една деценија.

pugacov-sergej

Тој до јуни, годинава, бил мнозински сопственик на луксузниот францускиот синџир за храна „Едијар“, но неодамна побегнал од земјата и оттогаш постојано преку странски медиуми дава жестоки изјави против претседателот на Русија, Владимир Путин.

Во октомври, годинава, за американскиот весник „Фајненшел Тајмс“ изјавил дека „денеска во Русија нема приватна сопственост. Постојат само слуги, кои му припаѓаат на Путин“.

– Големиот бизнис неможе да живее како претходно. Тој мора да живее под воени правила, рекол во својата изјава Пугачев.

Интересно е тоа што, според АФП, токму Пугачев бил еден од главните заговарачи на кампањата за национализација во Русија, која беше покрената кога Путин прв пат дојде на власт на местото претседател во 2000-та година. Покрај тоа, се верува дека лично Пугачев стои зад апсењето на Ходорковски, чија нафтена империја „Јукос“, во меѓувреме, влезе во состав на државната компанија „Росњефт“.

На интернет страницата на Интерпол наведено е дека по Пугачев трага правосудната власт на Русија, поради кривична постапка која се води против него. Истовремено, Интерпол „упатува повик до сите кои знаат каде се наоѓа Пугачев да ја контактираат полицијата, но експлицитно не бара негово приведување“. Државите низ светот имаат различни правила за тоа како да постапуваат ако лоцираат лице кое го бара Интерпол.

Инаку, Сергеј Пугачев е ставен на црвена потерница на Интерпол, што значи дека европските држави можат да го приведат и задржат доека биде изведен пред домашен суд, или пак да го ослободат со кауција.

pugacov-poternica