ВИДЕО+ФОТО: Гробот на Садам Хусеин срамнет со земја

Гробот на симнатиот ирачки лидер Садам Хусеин во Тикрит буквално е срамнет со земја во жестоките борни на екстремистите на Исламска држава и ирачките безбедносни сили.

Mideast Iraq

На видео-снимката што ја објави АП, се гледа дека од огромниот комплекс се останати само потпорните столбови коишто некогаш го држеа покривот.

Mideast Iraq

Тикрит се наоѓа под контрола на ИД од јуни минатата година.

Mideast Iraq

Ектремистите во август тврдеа дека гробницата, која се наоѓа во родното село на Хусеин, е целосно уништена, а официјалните власти тврдеа дека е направена само помала штета.

Mideast Iraq

Припадниците на антиџихадистичките парамилитарни сили познати како единици на Популарната мобилизација го составуваат најголемиот дел од силите коишто веќе две недели се борат за да ја превземат контролата над Тикрит од ИД, во што се потпомогнати од војската и полицијата на Ирак, како и од други парамилитарни сили.

фото: АП