Видео+Фото: „Мулен руж“ слави 125 години

Симболот на „Градот на светлината“ и цела Франција, „Мулен руж“, по Версајската палата е Ајфеловата кула е третото омилен место на турситите.

„Мулен руж“ годишно има 600 илјади посетители, од кои повеќе од половина се странци.

Прочуеноро кабаре, во кое има 450 вработени, минатата година заработило 65 милиони евра, а во него најмногу пари оставиле Кинезите, Русите и Американците.

Странците секоја вечер се привлечено од магијата на повеќе од 1.000 костими полни со светки и перја. Затоа туристите во Париз не ја пропуштаат приликата да погледнат традиционален танц на балерините од 14 националности кои мораат да имаат диплома за класичен балет и да бидат високи најмалку 1,75 метри.

M.ruz,-foto-2

Момците танчери од „Дорис бојс“, акробатите и жонглерите кои ги изведуваат своите точки околу балерините, мораат да бидат високи најмалку 1,85 метри.

Неколку пати годишно се одржува и кастинг кој привлекува по десетина прочуени уметници кои ги избира директорката Жанет Фарао.

M.ruz.-foto-5

Во текот на двочасновната претстава, на сцената на Мулен руж може да се биде се и сешто, од сексапилни кловнови и гусари до разни измеслени суштества, а покрај бината во еден агол е огромен аквариум со пет вистински питони.

Mulen-ruz,-foto-3

„Мулен руж“ е отворен во 1889 години и набрзо станало монденско место во Париз. Сместен е во боемскиот кварт Монмартр и веднаш ги привлекол Парижаните кои оделе на претстава да ги гледаат танчерките со чипкасти подвезици.

M.ruz,-foto-4

Посетителите на „Мулен руж“ некогаш ги привлекувале не само извонредните танчерки, туку и гала концертите кои често ги оддржувала Едит Пјаф, Ив Монтан, Лајза Минели, Ела Фицџералд, Френк Синатра и други.

Nicol Kidman

По Џон Хјустон во 1952 година, режисерот Баз Лурман во 2001 година го снима филмот за познатото кабаре со Никол Кидман во главната улога. Овој филм повотрно ја зголемило популарноста на кабарето.

Iz-filma-Mulen-ruz,-foto-2

Билетите за претставите на „Мулен руж“ се распродадени неколку месеци однапред, а забранет е влез за деца до 6 години, за деца до 12 година се плаќа половина билет.

Агенциите на туристите им нудат посебни погодности, па така билет за во „Мулен руж“ со шише евтин шампањ изнесува 117 евра, додека за вечера со познатиот „Тулуз Лотреков“ мени во ресторанот на најпознатиот ноќен локал во Париз треба да издвоите повеќе од 200 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.