Видео+Фото: Се појави втора снимка од претeпувањето на братот на Вучиќ

Припадниците на Жандармеријата дозволиле Андреј Вучиќ, пола час да се превиткува од болка по прептепувањето додека не повикаат медицинска помош. На оваа, втора снимка, до која ексклузивно дојде српски Курир, јасно се гледа како припадниците на озогласениот ниски одред на Жандармеријата го држи братот на премиерот Александар Вучиќ во влез иако им вели дека мора итно да оди на клиника.

Намера или небрежност

„Морам на клиника“, се обидува да им објасни Вучиќ, а на тоа полицаецот ладно му оговара:

„Ти не одиш никаде“.

napad-na-andreja-vucica-1412617761-578834

Андреј цело време се држи за стомакот и раката, припадниците на полицијата веќе знаат дека се работи за заштитена личност, но никој од нив не повикува помош. Иако нанесените удари можат да му предизвикаат внатрешно крварење, брза помош е повикана дури откако на местото пристигнал началникот на Полициската станица Белград, Веселин Милиќ.

napad-na-andreja-vucica-1412617780-578835

Снимката е направена од оперативец на Жандармеријата, а камерата не искучена ни по барање на припадник на Кобрите, ниту пак на Андреј Вучиќ.

andrej-vucic-predrag-mali-parada-ponosa-zandarmerija-napad-aleksandar-vucic-1412628853-578897

Според зборовите на извор за Курир, Жандармеријата често ги снима своите акции за да можат на исфингираат дека на терен работат по правилата. Не им е непознато пред камерите да почнат да снимаат да ја преувеличуваат ситуацијата и така да го правдаат пречекорувањето на овластувањето.

andrej-vucic-predrag-mali-parada-ponosa-zandarmerija-napad-aleksandar-vucic-1412628869-578898

Режирана акција

Една од сомнителните ситуации се наоѓа на почетокот на снимката каде на местото на инцидентот доаѓа службено „Ауди“ на Војската на Србија. Припадник на Кобрите, со раскрварена глава, оди накај премин на зграда каде во влезот жандармите го држат Вучиќ. Веозачот веднаш излегува од автомобилот и пробува да влезе во зградата и во таа прилика доаѓа до буткање меѓу него и полицајците. Жандар гледа во камерата и вели дека момците од Кобри ги нападнале неговите момци.

„Нападнати се шест мои момци се случи што се случи. Полека пристигнува воената полиција“, вели возачот кој потоа се враќа во автомобилот.