Свет

ВИДЕО/ФОТО: Тимошенко призна дека сака да ги убие Русите и нивниот лидер

ВИДЕО/ФОТО: Тимошенко призна дека сака да ги убие Русите и нивниот лидер

Јулија Тимошенко повторно ја разбранува јавноста, откако на интернет се појави снимка од нејзин телефонски разговор во кој поранешната украинска премиерка упатува закани против рускиот народ и неговиот водач Владимир Путин, пишува германскиот весник „Ди Велт“ .

Тимошенко своите намери кон рускиот нарот и нивниот лидер ги истакнала за време на телефонскиот разговор помеѓу неа и Нестор Шуфрич, кој некогаш беше заменик-шеф на украинските безбедносни служби.

Контроверзен разговор меѓу Тимошенко и Шуфрич предизвика бура од реакции во јавноста откако беше објавен на интернет.

„Ова отиде предалеку! Мораме да го зграпчиме оружјето и да ги елиминираме тие проклети Руси и нивниот е*** лидер! Ќе му покажам јас на тој с**ко! Украинците мораат да земат оружје против Русите, така да зад нив да не остане ниту изгорена земја. Жал ми е што не сум таму и што не учествував во целата процедура. Не би имало е**на шанса да им го дадам Крим, вели Тимошенко во разговорот што се појави вчера на „Ју Тјуб“.

Во текот на целито разговор се користат бројни пцовки, а Тимошенко не бирала зборови додека му објаснувала на Шуфрич како Украинците треба да се повикаат на убивање Руси.

Меѓу другото рекла дека ќе ги активира сите врски ширум светот за да ја претвори Русија во пепел. Од разговорот се слуша дека станува збор за приватна комуникација, а како стигнала до интернет не е познато.

Тимошенко ја потврди автентичноста на снимката преку нејзиниот „Твитер“ профил, реагирајќи на само еден „неточен“ навод таму каде што говори за Русите.

Untitled

„Разговорот се однесуваше за осумте милиони Руси во Украина, а не мислев на сите Руси. Се извинувам за пцовките!“, напишала Тимошенко на „Твитер“.

Шуфрич продолжува да ја негира автентичноста на снимката негира иако Тимошенко го вели токму спротивното.