Видео+Фото: Уловен сом долг речиси 3 метри

Чудовиштата навистина постојат. Тоа е лекција која треба да се научи од фотографијата со сом од 2,7 метри и 127 килограми кој го уловил рибарот, Дино Ферари, заедно со неговиот брат-близнак од реката По во Италија.

Фотографијата од овој џиновски улов е уште поимпресивена кога би го зеле фактот дека Ферари сомот од вода го извлекувал цели 40 минути.

Сепак, оваа приказна има среќен крај за овој ѕвер. Имено, по фотографирањето Ферари не заминал дома за да се фали со пленот, туку го вратил назад во реката.

som-rekord-foto-fejsbuk-1424958647-620438

som-rekord-foto-fejsbuk-1424958750-620441

Проценето е дека овој сом има околу 30 години, на основа на неговата големина, познато е дека тој може да живее и до 50 години.

som-rekord-foto-fejsbuk-1424958712-620440

Сомот е најмногу застапен во источниот дел на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.