ВИДЕО: Франц и Наде со танго го напуштија шоуто „Танц со ѕвездите 2“

Музичарот Владимир Крстевски – Франц и неговата професионална танцова партнерка Наде Миленкова со танго го напуштија најгледаното домашно шоу „Танц со ѕвездите 2“.

Франц и Наде во седмата елиминациона емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, а со тоа го заокружија своето натпреварување во најпопуларното домашно шоу.

Во игра остануваат уште три танцови двојки кои ќе се борат за влез во големото финале на најгледаното македонско шоу „Танц со ѕвездите 2“ и тоа: Сара Мејс и Мишо Спасовски, Наташа Илиевска и Даниел Кимовски и Димитар Атанасовски и Јована Василева.