Магазин

ВИДЕО: „Фризури за старци“ за немирните деца

ВИДЕО: „Фризури за старци“ за немирните деца

Расел Фредерик, фризер од градот Снелвил во американската сојузна држава Џорџија, откри нов начин како да ги натера немирните деца на послушност.

Фредерик дошол на идеја како да го казни својот 12-годишен син по неколкуте инциденти во училиштето и по неговата изјава дека „веќе е возрасен маж“, па му направил фризура кој наликува на природно ќелавење.

Својата иновација Фредерик ја нерекол „Фризура Бенџамин Батон“, по главниот лик на книгата на Скот Физгералд, кој се раѓа како старец и во текот на животот станува се помлад.

„Фризурата Бенџамин Батон“ Фредерик сега преку на неговата Фејсбук страница им ја нуди на родителите на немирните деца под слоганот: „Ако мислат дека се возрасни, сега можат и да изгледаат возрасни“.

Реакциите на родителлите досега биле различни. Додека едни го критикуваа заради малтертирање кое нема да вроди со плод, други биле воодушевени од идејата на Фредерик.