Магазин

ВИДЕО: Фустанот на Адел ги разгоре социјалните мрежи

ВИДЕО: Фустанот на Адел ги разгоре социјалните мрежи

Обично за нејзините настапи говорат сите, но ретко кога во центарот на вниманието е нејзината облека.

Сепак, социјалните мрежи се разгореа поради нејзиниот долг црн фустан со монистра што го носеше на фестивалот Гластонбери. Накратко сите посакуваат таква облека, а главната тема е каде може да се купи.

За жал, овој фустан наскоро нема да се најде во продажба бидејќи модната куќа „Клое“ го исработила специјално за пејачката.

adel-glastonberi

Станува збор за едноставен црн фустан со широки ракави, кој од целата предна страна е украсен со шарени перли, а истиот беше дизајниран од страна на креативната директорка на модната куќа Клер Вејт-Келер.

За изработка на овој фустан се потрошени над 200 работни часа, бидејќи сите монистри на истиот се шиени рачно. Погледнете за што се работи!