Магазин

ВИДЕО: Германците конструираа машина која од вода прави бензин!

ВИДЕО: Германците конструираа машина која од вода прави бензин!

Германски хемиски инженери докажаа дека хемијата прави чуда. Тие моментално го завршуваат склопувањето на опремата која водата ја претвора во бензин.

-Би рекол дека станува збор за чудо, бидејќи оваа направа во целост го менува начинот на кој досега се произведуваше гориво за автомобилите, авионите и хемиската индустрија, вели Нилс Алдаг, главен спонзор и коосновач на компанијата Sunfire GmbH.

Компанијата од Дрезден очекува оваа технологија во голема мера да влијае на идниот пазар на горива.

Инсталацијата на електричното напојување го користи процесот Фишер-Тропшова синтеза, која за прв пат ја развиле хемичарите Франц Фишер и Ханс Тропш во 1925. година. Со оваа реакција водородот од водената пареа се претвора во гориво како дизел, керозин и други хемиски производи.

Процесот на конверзија се одвива во низа реактори на температура помеѓу 150 и 300 степени Целзиусови.

– Меѓутоа, Ф-Т технологијата секогаш ќе биде скапа, предупредува Алдаг.

– Тоа што е добро е дека реакцијата можете да ја спроведете таму каде што планирате да користите гориво, нагласува тој. Тоа значи дека немате потреба од скап транспорт и инфраструктура.

Некој би помислил дека евтините конвенционални горива секогаш ќе останат на прво место, но се зависи од интересот.

Пентагон веќе работи во овој правец бидејќи сака да ја задржи глобалната доминација во оваа сфера.

Американската војска потрошила околу 150 долари за галон алтернативно гориво направено од алги, што е многу повеќе од 3 долари по галон колку што чини традиционалното гориво за авиони во САД.

Иако 150 долари делуваат како многу за галон гас, САД потрошиле цело богатство за време на тринаесетгодишната кампања во Авганистан. Самата војска проценува дека доставувањето гориво по галон чинело барем 400 долари.

Во Sunfire веруваат дека оваа технологија ќе може да биде понудена на пазарот до 2016. година.

Додека Нилс Алдаг смета дека оваа технологија има иднина, треба во меѓувреме да се пројави интерес за нејзината употреба.

-Мислам дека оваа технологија долгорочно ќе влијае на геополитиката. Она што морате да го знаете е дека квантитетите во овие индустрии се толку големи што оваа технологија тешко би можела да има значајно влијание во краток временски период, додава Алдаг.