четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

ВИДЕО: Германски пратеник ја рецитираше песната против Ердоган во Бундестагот

Пратениците во германскиот Парламент останаа во шок откако еден пратеник гласно ја рецитираше поемата за претстедателот на Турција Ердоган што предизвика меѓународна дебата за слободата на говорот минатиот месец. Неговата изведба била пренесувана во живо на националната телевизија.

bundestag

Последни вести

Детлеф Сеиф, член на партијата ЦДУ на Ангела Меркел ја рецитирал во целост поемата пред Бундестагот.

Сепак, Сеит немал намера да му наштети на турскиот лидер, наместо тоа, тој сакал да илустрира колку е грд текстот и тврди дека бил во целост згрозен од него.

Несакав да го направам ова, но ви го прочитав за да знаете што точно се говори овде. Јасно е дека честа на една личност е повредена овде, вели тој.

Во март, германскиот комичар Јан Бомерман ја рецитираше поемата во која тврдеше дека турскиот претседател имал нагони за зоофилија и дека уживал да гледа детска порнографија.

Во одговор, Ердоган побара германската влада да го гони комичарот. Канцеларката Ангела Меркел ги одобри барањата на Ердоган и даде „зелено светло“ за процедурата што наиде на силна осуда кај јавноста, затоа што се смета дека Меркел на тој начин ја ограничила слободата на изразување.

Најчитани вести