ВИДЕО: Ѓаволска порака во најновото видео на ИСИС

Најновото пропагандно видео на Исламската држава е ужасно да се гледа, но пораката е ѓаволска.

Истата терористичка група, која толку неразумно и нехумано се однесува со новинари сега користи видео со заробен новинар и се обидува да повика на разумот.

Насловот на најновиот манифест е „Позајмете ми ги вашите уши.”

Тоа е една болна и збунувачка слика: Новинарот Џон Кантли пред црна позадина, како интервју во некој документарец. Тој седи на маса, не клечи во песок, и зборува јасно, уверено и  речиси весело, облечен во потрокалово.

Кантли кажува пред камерата дека ќе објасни каква всушност е „Исламската држава“, велејќи: „Секоја приказна има две страни“.  Тоа е она што екстремистите го прокламираат. До сега, во најмала рака, имаше само една страна, една вистина: нивната.

Една од причините зошто„Исламската држава“ изгледа толку страшно е средновековниот варваризам на Пол Пот во комбинација со моќта на медиумите. Ова најново видео, сепак, е непријатно и со чуден тајмнинг на појавување – истиот ден кога Сенатот  одобри воена акција против „Исламската држава“.
Кантли предупредува дека Западот се впушта  еден конфликт од кој не може да излезе како победник.

Новото видео објавено од „Исламската држава“ во кој главен лик е Џон Кантли, британски новинар кој се држи во заробеништво, и е во својство на портпарол на организацијата.

Ако е така, тогаш зошто екстремисти  бараат од гледачите да лобираат кај нивните влади за мир? Нарачателите на ова видео, сакаат да бидат слушнати и сфатени дека тие го  принудуваат Кантли да дејствува како да изјавата да е лично негова, а  не нивна.

 

“Знам што мислите. Мислите „Тој само го прави ова бидејќи е затвореник. Има вперено пиштол во главата и е принуден да го стори тоа, нели?”, вели Кантли.
“Па, тоа е вистина. Јас сум затвореник. Тоа не може да се негира. Но, гледајќи како сум напуштен од мојата Влада и мојата судбина сега е во рацете на Исламската држава, јас немам ништо што да се изгубам. Можеби  ќе живеам, а можеби и ќе умрам “.

Гледачите, се разбира, знаат дека ако тој не прави како што му е кажано, неговите шанси за умирање се многу големи. Единствениот начин да се убеди публиката дека заложникот зборува по своја слободна волја е да го ослободат. Наместо тоа, Катли вели дека ќе се појави во други видеа за да спори за западната претстава замажите кои се држат во заробеништво.

„Ќе ви ја покажам вистината за мотивацијата на „Исламската држава“ и како западните медиуми, организацијата во која што јас работам, се користи да се испревртат  работите и да се манипулира со вистината во јавноста“, вели тој.

На некој начин, тоа е несмасна тактика како последното видео на Стејт департментот „Размислете повторно, свртете се“, кое беше објавено на интернет за да ги одврати западните симпатизери од приклучувањето на џихадистите. Тоа е направено со сарказам на политичката реклама, каде што темните слики – во овој случај, сензационално колење и уништување – се поставени со копијата: „Патувањето е евтино … бидејќи не ќе ви треба повратен билет”.

Сликите на огнено оружје, урнати згради, бомбардирани џамии, „Исламската држава“ ги користи во своите пропагандни видеа за регрутирање на нови „поддржувачи“опствено. Опасност, уништување и смртта се користат како мамка.

За кратко време, самопрогласената „ Исламска држава“ изгледа подобро во пропагандното видео од Западот. Тука, групата која и’ објави војна на западните вредности, користење на  заложник од „западот“ да побара од Запад мир и разбирање.

Но, Западот не е тој што се обидува да го убие гласникот.