ВИДЕО: Ѓоковиќ несебично им помогна на завеаните кај Војводина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заборави на славата, и несебично им помогна на завеаните патници  кај Војводина. Поради силниот ветар и големите снежни наноси блокирани беа голем број од патните правци, а луѓето чекаа заглавени околу 15 часа.

Тенисерот без никаков план и без да ги извести медиумите тргнал кај завеаните за да им однесе храна и вода. А, секако, се фотографираше и со своите обожаватели, на кои прво им помогна.

Интензивните снежни врнежи и ниските температури направија вистински хаос низ Србија.