(ВИДЕО) Го гледал духот десет години, сега има и снимка

Видео снимката на бел дух кој лебди низ ходник, можеби изгледа како сцена од хорор филм или научна фантастика, но снимена е со безбедносна камера во британски паб во Лемели во Велс.

Сопственикот на локалот, Дејвид Ленгли Еванс (49) тврди дека не е првпат да го види духот.За време на овие 10 години колку што го поседува пабот, со сопствени очи видел и други невообичаени појави. Истото го тврди и неговата сопруга Кристин (48), која со овие приказни ги забавува постојаните гости.

Веруваат дека за се е виновен таванот на локалот кој е од 1830 година и на кој се случувале необјасниви работи. Местата на кои се чувствува туѓо присуство е салата за билијард од каде што се слушаат звуци на игра на билијард, иако нема никој, скалите на кои се чувствува присуство на некој друг и ходникот каде што е направена снимката.

Но, сега Еванс има и доказ во вид на снимка на која јасно се гледа присуството на духот.