ВИДЕО: Ѓоковиќ заигра стомачен танц во Дубаи

Слободното време меѓу мечевите на тенискиот АТП 500 турнир во Дубаи, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го искористи за да заигра стомачен танц.

Имено, додека шетал низ Дубаи, една заносна убавица во провикативен костим се обидела да му објасни како се игра стомачен танц, а Ѓоковиќ дал се од себе за да ги совлада движењата.

Но, „проблем“ настанал кога девојката го манифестирала движењето на „затресување со градите“, што тенискиот број еден нормално неможел да го повтори.

Ова искуство на Ѓоковиќ со стомачниот танц го снимол случаен минувач и видеото набрзо се прошири низ социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.