ВИДЕО: Голем народен собир денеска во 17 часот- сите на нозе ЗА МАКЕДОНИЈА!

-Единствениот начин како ќе не слушнат е да бидеме секој ден тука во се поголем и поголем број, утре е многу важно да дојдеме тука и да докажеме дека оваа земја има луѓе има синови и ќерќи кои што ќе ја бранат унитарноста на оваа земја. Оваа земја има народ со исправена кичма, народ со исправено чело, народ кои ја сака каква што е, а не таква каква што сакаат некои да ја направат со разни подметувања и лаги, изјави вчера пред Собранието на Република Македонија, Богдан Илиевски.

-Затоа е многу важно тој народ, народот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, народот за мултиетничко општество, а не за бинационална, федерална држава, утре во 17:00 часот пред Владата да бидеме сите до еден и да маршираме до собранието. Има многу такви кои мислат дека можат да не излажат, но вистината навистина е како шило, денес и од самиот Зијадин Села ја слушнавме платформата за која не убедуваат дека не постои и би сакале да не убедат и нас дека не постоиме како што тоа до сега го правеа, затоа утре ќе се собереме во најголем број, порача Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.