ВИДЕО: Голем пожар во Белград, гори магацин на дрогерија

Во Белград утринава избил голем пожар, а се слушаат и експлозии. Горат 3.000 квадратни метри магацини, во кои својата стока ја чуваат повеќе фирми, јавува РТС.

Во магацинот воглавно имало производи за домаќинство и „домашна хемија“, изјавиле пожарникарите што се обидуваат да го изгаснат огнот.

pozzar_222

Според првичните информации, нема повредени.

Началникот на секторот за вонредни ситуации на српската полиција Предраг Мариќ изјавил дека благодарение на 60-тината полицајци било спречени ширење на пожарот тој додал дека пристапот им го отежнале експлозиите бидејќи во магацините имало голем број козметички препарати.

Надлежните служби јавиле дека воздухот не е загаден.

фото: РТС