ВИДЕО: Голем пожар во Лос Анџелес

Најмалку едно лице е повредено во големиот пожар, кој избувна на последниот кат на една деловна зграда во Лос Анџелес, јавија изутринава американските медиуми.

Во гаснењето на пожарот во моментов учествуваат повеќе од сто пожарникари.

Пожарот избувна во шесткатна деловна зграда во квартот Вестлејк.

Противпожарната служба на градот соопшти дека пожарот во моментов е под контрола, но оти се уште не е изгаснат.

Во еден момент во неговото гаснење учествуваа дури 170 пожарникари, се наведува во соопштението на противпожарната служба.