ВИДЕО: Големо невреме во Кичево – главната улица под вода

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и грмотевици вечерва го зафати кичевскиот регион.Главната сообраќајница во градот која е дел од магистралниот пат Кичево-Охрид е под вода, а повеќе возила се заглавени и оставени на коловоз, сведочат очевидци за OhridNews.

Поради отежнатите услови и големата количина вода на коловозот, сообраќајната полиција ги пренасочува возилата кои сообраќаат кон Охрид по алтернативни патишта. Граѓани информираат дека кај Кичево е формирана колона од возила, која се движи полека, но сообраќајот не е запрен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.