Видео: Горан Илиев го фати светиот крст во Радовиш

Во Радовиш големиот празник „Водици“ беше прославен од страна на верниците, кои што на Градскиот базен се сообраа масовно да го проследат фрлањето на светиот крст.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2015 во Радовиш започна со света божествена литургија во двата храма Св. Пророк Илија и Св. Троица, од каде што после литургијата верниците во Литија се упатија кон базенот Шампион.

sivodar_2

На базенот Шампион се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот.

Најсреќен и оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Горан Илиев кој помеѓу дваесетина пријавени кандидати беше најбрз и најсреќен, тој од овогодишниот кум Ацо Ристов доби подарок, а од страна на Градоначалникот на општина Радовиш,Сашко Николов ЛЦД Телевизор.

Исто така подароци му додели и Православната црква од Радовиш.

Кумството од овогодишната манифестација од страна на  Ацо Ристов беше предадено на  Наум Петрушевски кој ќе биде кум за наредната година.