ВИДЕО: Гореше библиотека со 14 милиони книги

Голем пожар изби во библиотеката на рускиот институт за општествени науки во Москва, каде има повеќе од 14 милиони книги. Причината за избувнување на пожарот не е позната, а повредени нема, јавуваат руските медиуми.

Противпожарните служби, по два часа борба успеале да го локализираат пожарот, но во меѓувреме, се срушила половина од кровната конструкција, односно околу 1 000 квадратни метри од покривот.

Опожарени се околу 2 000 квадратни метри. Пожарот избувнал околу 22 часа, а бил угаснат по два часа. Медиумите јавуваат дека се уништени вредни книги, но дека конечната проценка на штетата ќе биде позната подоцна.

Инаку библиотеката има околу 14, 2 милиони книги, воглавно од областа на научната литература, од кои само околу 1, 5 милиони се објавени по 1973 година. Оваа колекција содржи вредни примероци, од кои некои се постари од 400 години.

Тоа се книги од руски и странски автори, за физиката, медицината, техниката.

Библиотеката била основана во 1918 година, како привремена библиотека која подоцна прераснала во Институт за општествени науки.