Свет

ВИДЕО: Гори мексиканскиот Парламент

ВИДЕО: Гори мексиканскиот Парламент

Изреволтирани Мексиканци го запалиле парламентот на државата Гереро. Околу 500 демонстранти, заради исчезнувањето на 43-та студенти во септември годинава, демонстрираа вчера во главниот град на државата Чилпансинго. Властите од јужниот дел на латиноамериканската земја, јавиле за најмалку пет запалени возила. Пожарот ја зафатил и библиотеката на органот на законодавната власт, како и пленарната сала.

43-ца младинци исчезнале пред шест недели. Според многумина мексиканци, локален наркодилер ги киднапирал и убил учениците. Неодамна беа откриени јагленосаните тела.

Остатоците беа испратени за експертиза во Австрија и резултатите ќе бидат јасни за неколку недели.