ВИДЕО: Гoри скопскиот градежен факултет

Голем пожар го зафатил кровот и последниот кат од скопскиот Градежен факултет, утринава, јавува „Макфакс“. Скопската противпожарна бригада е на терен со неколку возила.

Опожарени се три простории на Градежен факултет, само толку можам да кажам во овој момент. Оган сè уште има се обидуваме да го локализираме“, кусо изјави за „Макфакс“ Ѕвонко Томевски, командант на скопската протипожарна бригада.

Густ црн чад се издига над Градежниот факултет каде што интерневира противпожарната бригада. Вработените се излезени од зградата и бараат повеќе противпожани возила да се вклучат во гасењето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.