Балкан

ВИДЕО: Гори станбена зграда во Белград

ВИДЕО: Гори станбена зграда во Белград

Во центарот на Белград утрово околу 11.10 часот изби пожар кој го зафатил поткровјето на станбена зграда во улица „Косовска“.

Како што пишува српски „Курир“ во пожарот се зафатени околу 300 метри квадратни на последниот 4-ти кат, а на терен излегле 27 пожарникари и 8 пожарникарски возила.

За среќа во пожарот нема повредени, а само една жена била превезена во Ургентниот центар поради вдишување чад.