ВИДЕО: Говорот на лекарот кој се излечи од ебола

Благодарение на новиот експирементален лек лекарот Кент Брентли успешно се изборил со смртоносниот вирус ебола. Овој лек на него бил прв пат употребен.

Тој по излегувањето од карантин одржал трогателен говор.

“Денес е чудесен ден. Многу сум среќен што сум жив и што сум повторно со своето семејство”, рекол Брентли.

Брентли и неговата колешка Ненси Рајтбол први го примиле експерименталниот лек, а воедно се и првите луѓе од Западот кој зборувале за него.

Кент Брентли и Ненси Рајтбол биле пренесени од Либерија во САД на почетокот од овој месец и биле под специјален третман во одделението за изолација во болницата во Атланта.

Досега од ебола во Западна Африка починале 1.350 лица, додека бројот на заболени е поголем од 2.200.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.