ВИДЕО: Грабеж сред бел ден во Градски парк во Скопје

Арамиите не бираат ни време, ни место за да „заработат“, но камерите ги снимиле во нивниот нечесен акт.

Тројца арамии се снимени како обиваат автомобил во Градскиот парк во Скопје.

Телевизијата Сител ја објави снимка од бесрамен грабеж сред бел ден на автомобил „ауди“ со странски регистерски таблички.