ВИДЕО: Град и силен дожд во Белград

Белград зафатен од силно невреме проследено со обилен дожд и град.

Неколку часа пред невремето над градот се надвиснувале густи и црни облаци. Врнежите и градот се менувале наизменично цели 15 минути што влијаело на градските улици да протечат потоци со вода.

Обилните врнежи го забавиле сообраќајот во градот, поради што на одредени фрекфентни улици дошло до застој на колоните.

Српските метеоролошки служби предупредиле на можно невреме во текот на утрешниот ден.