Свет

(Видео)Градоначалник од Шпанија обвинет дека запалили град

(Видео)Градоначалник од Шпанија обвинет дека запалили град

Шпанскиот градоначалник е обвинет дека запалил град, бидејќи ја игнорирал забраната за користење на пиротехника или огномет. Тоа причинило да избие огромен пожар заради кој се евакуирани илјада луѓе.

И покрај забраната, градоначалникот Ернесто Санжуан го одобрил огнометот на 26 април во градот југоистокот од Шпанија. Тој е обвинет заедно со организаторот на огнометот Адеј Пикерас.

Огнометот е одржан во замокот Кулера и опишан е како „неодговорен“ од страна на ривалите.

Огнометот започнал неколку помали пожари на брдото околу замокот и бргу се проширил на општината Сан Антонио, заради што голем број на луѓе морале да бидат евакуирани.

Оганот горел цела ноќ  притоа се проширил на големо подрачје прекриено со растенија.