ВИДЕО: Градоначалникот на Загреб излезе од затвор со кауција

Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб, вчера околу 18 часот излегл од затвор на условна слобода, откако платил кауција од околу два милиони евра.

Осомничениот за корупција пред затворот Реметинец го пречекале триесетина граѓани, кои се надеваат дека Бандиќ ќе продолжи да ја врши функцијата на прв човек на Загреб.

Сепак, според условите на пуштањето на привремена слобода Бандиќ не смее да врши со јавна функција, а ќе му биде оневозможен и контакт со евентуалните сведоци во случајот.

Јутарњи пишува дека е нејасно како тие мерки ќе се спроведат, бидејќи за нив не постојат јасни правила.

Бандиќ е обвинет за незаконско соработување со неколку приватни фирми и дека поради спорното финансирање на претседателската кампања во 2009 година, ги оштетил градскиот и државниот буџет.

Тој е обвинет и дека по пет случаи тргувал со влијание при незаконско вработување на блиски лица во Градската управа и Загрепскиот холдинг.

Бандиќ е осомничен и дека во седум наврати користел службени автомобили на Градот Загреб за приватни цели.