ВИДЕО: Градот во кој е забрането да се умре!

Лонгијарбиен е најголема населба и главен град на норвешката прекуморска територија Свалбард. Населбата се наоѓа на Спитсберген, најголемиот остров од Свалбардските острови, а таму моментално живеат околу 1.800 луѓе, во главно Норвежани и Руси.

Населбата во 1906. година ја основал Џон Манро Лонгер, според кого го добила и името кое на норвешки значи Лонгеров град.

l1

Една од посебностите на овој град е тоа што во него е забрането да се умре. Кога еден жител е тешко болен или на смртна постела, итно се пренесува со авион или брод до норвешко копно. Дури и смртта да се случи во градот, жителот нема да биде таму закопан, пишува BBC.

Покрај тоа, на граѓаните им е дозволено слободно да се шетаат со пушка, поради големата опасност од средби со поларни мечки, чија популација се проценува на повеќе од 3.000.

l2

Во градот е забрането да се чуваат мачки, бидејќи се смета дека ги загрозуваат птиците.

Чуден град за живот. Но, последната година сè повеќе туристи доаѓаат на ова поларно место. Речиси 3.400 туристи во град со 2.000 жители.

Тука ирвасите се нормална појава, можете да ги видите како се шетаат наоколу. Свој дом на островот пронашле и поларните лисици и некои видови на птици.