(Видео) Граѓаните останаа единствени чувари на уставноста

Правната држава е погребана и останува само граѓаните, бидејќи немаат чувари на Уставот, сами да се зачуваат, односно самите да се спротивстават на овој налудничав план за самоукинување на уставното име на државата, кое што еднаш патем речено е изгласано плебисцитарно и кое може да се измени само на друг референдум и никако поинаку, ниту со собраниска одлука или со било каква друга одлука, рече универзитетскиот професор Димитар Апасиев во вчерашното  гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5.“

„Противник“ во жестоката дебата беше судијката Маргарета Цаца- Николовска, која не сакаше да се изјасни за одлуката на Уставниот суд за референдумот, бидејќи не ја видела.

Апасиев додаде дека Собранието нема надлежност да го менува уставното име на државата како и дека Уставниот суд има надлежност да ја утврдува уставноста не само Уставот туку и на законите.

 Јас искрено не оќекував повеќе, знаејќи ги судиите, тие луѓе се ставани по партиска линија и донесоа и таква политичка одлука. Се срамев што присуствував таму, како да бевме на митинг на СДСМ, а не на седница на Уставен суд.  Одлука на референдум е подзаконски општ правен акт тоа значи дека Уставниот суд не може да рече ме интересира само Уставот, тој мора да гледа дали одлуката е законита односно во согласност и со законот и со Уставот, рече Апасиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.