(ВИДЕО) Гром уби момче во морето кај Сплит

Дваесет и шестгодишен државјанин на Босна и Херцеговина, жител на Сараево, смртно настрадал во неделата попладнето од удар на гром на плажа недалеку од Сплит, потврдиле ноќта од сплитската полиција.

Момчето, коешто со неговата девојка се капело во морето додека траело невремето  на плажата во Мутограс, го погодил гром и го усмртил на самото место, пренесува агенцијата Hina.

Трагичниот настан се случил некаде по 18 часот, кога подрачјето на Подстранa го зафатило силно невреме проследено со грмежи и молњи.

Иако на местото на несреќата многу брзо стасала екипа на итната медицинска помош, чии лекари имале намера да го реанимираат несреќното момче, можеле само да констатираат смртен исход.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.