ВИДЕО: Груевски им изрази сочувство на дедото и таткото на загинатото девојче

Премиерот Никола Груевски ноќеска го посети семејството на загинатото девојче. Лично им изрази сочуство на таткото и на дедото на девојчето.

Премиерот Никола Груевски кој синоќа итно отпатува во Тетово направи увид на теренот погоден од невремето и разговараше со  граѓаните. Груевски, вети помош и изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Груевски направи увид на оштетените куќи и на инфраструктурата во придружба на жителите. Посетата ја почна во најпогоденото село, каде што разговараше со оштетените граѓани.

Премиерот присуствуваше на состанокот на кризниот штаб каде се договараа за следните мерки на помош. Состанокот се одржа во една локална продавница, а поради дефектот со струјата, кризниот штаб се состана под свеќи. Веднаш штом се раздени ќе дојдат екипи на ЕВН да работат и веднаш ќе дојде и поголема механизација. За струја, вода и расчистување. Лекови веднаш ќе стигнат, им вети на граѓаните.

Груевски: Владата презема се’ што е во нејзина моќ

Се што е во наша моќ, како Влада веќе е превземено. И во Речица каде бев на терен. Бев и во болницата, разговарав со еден од повредените кој што е таму. Овде е катастрофа, многу е лошо. Не има најдено голема несреќа. Се што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. Во текот на ноќта може малку работи да се направат. Дали цените дека треба војска да се прати? Ако мислите, министерот за одбрана е овде можеме да организираме уште сабајле ќе дојдат, рече премиерот синоќа пред граѓаните.

Граѓаните скршени од несреќата најдоа утеха во најавата за мерки кои ќе се преземат. Тие разговараа со Груевски и неговиот тим и искажаа благодарност и задоволство од неговото присуство во тие тешки услови. Во една тешка атмосфера емоциите ги надвладеаја жителите кои се заблагодарија за чекорите кои итно ги превзема премиерот, кои топло го примија и известија за се низ што поминале во природната катастрофа.

Тетово под вода, свлечиштата носеле објекти

Четири возила се оштетени од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Однесен е и Вратничкиот мост меѓу горно Орашје и Нераште, информираат од полицијата.

 

По обилните врнежи се излеа реката Пена