Македонија,Политика

(ВИДЕО) Груевски: Ни треба обединувачки фактор за Македонија

(ВИДЕО) Груевски: Ни треба обединувачки фактор за Македонија

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, денеска се обрати пред 1.300 делаги кои треба да го изберат претседателскиот кандидат на ВМРО-ДМПНЕ за престојните избори.

Пред делагатите тој истакна дека сите нивни одлуки, како партија, се темелат на довербата кои ја имаат од грѓаните, а денеска се соберааа да донесат одлука да го изберат правиот претседателски кандитат.

Груевски пред делегатите посочи дека сите четворица кандидати, Ѓорге Иванов, Јове Кекеновски, Божидар Ночев и Ставре Џиков ќе имаат свое обраќање пред нив за да им ја покажат својата визија и програма, а тие имаат задача да го дадат својот глас за оној кандидат кој во нив ќе влее најмногу доверба.

Водачот на ВМРО-ДПМНЕ им порача да делегатите дека тие денеска бираат обединувачки фактор, зрела и одговорна личност која ќе ја обедини Македонија и ќе работи за сите граѓани.