ВИДЕО: Груевски образложи детали за аферата „Пуч“

Премиерот Никола Груевски, денеска на вонредна прес-конференција изнесе детали од  акцијата „Пуч“,  односно кој е нарачателот на снимените разговори, кои се клучните играчи во целото сценарио и на кој начин се прибавени материјалите.

Тој уште еднаш посочи дека зад целата конструкција стои странска служба, а на дел од учесниците кои помогнале да се реализира прислушкувањето, а кои воедно го признале делото,  мотивот им бил, пред се’ финансиски.

Груевски, првпат по излегувањето на аферата, одговори на најчесто поставуваните прашања и шпекулации кои ја разбрануваа јавноста, околу веродостојноста на снимките, мотивот на нарачателите и тоа дали со овој случај имаме упад во безбедносниот систем, и колку граѓаните треба да бидат сигурни дека нивните приватни разговори може да се злоуптребат за каква било цел.

Тој на почетокот објасни кога и како првпат дознал за снимките и која била неговата  прва реакција.

„Пред  да побара средба со мене, Заев својта намера ја сооштил на најмалку 200 до 300 луѓе, и таа информација се рашири и дојде до мене. За неколку недели голем број луѓе на широко раскажуваа што се планира. Кога Заев побара средба знаев дека ќе следува закана од најдолен вид. Како би постапил секоја во таква ситиација? Сучајот го пријавив кај надлежните, а Обвинителство  даде дозвола за ПИМ мерки.  Уште на првата средба се потврди, кога Заев ми кажа дека странска служба снимала разговори  и побара техничка влада.  По тоа што ми го кажа, беше утврдено дека дел од разговорите беа точни, дел делумно точни, а дел неточни. Намерата а беше да ја сфатам сериозноста, а немаше ништо, само бенигни разговори. Не е тешко со денешната тенолохија разговори да се монитраат и да се стават во одредена функција“, рече Груевски.

Тој ги демантираше обвинувањата  дека неговата канцеларија постојано се снима, наведувајќи дека тоа се прави само доколку Обвинтелството  издаде таква наредба.

Но, клучното прашање е  кој стои зад снимањето на овие разговори. Според информации од МВР, Груевски објасни дека кај приведените лица во аферата „Пуч“ пронајдени се транскрипти од разговорите преведени на англиски, со имиња на лицата кои го водат разгворот и нивната релација.

„Јасно е дека материјалот бил  наменет за надворени лица кои не го знаат македонскиот јазик, со цел нарачателот да има целосна и јасна слика со анализа потребна од траннскриптот. Дел од пронајдениот атеријал на З.В. пронејден и во кмпјутерот на неговата сопруга.  Дали некој  од вас доколу е невин  ќе го фрли мобилниот и ќе го крши лаптопот  и дали некој нормален со децата и сопругата се допишува со шифри, бројки. Сето ова е  обезбедено како доказ за на суд. Кој ги снимал разговорите? Oткако Зоран Заев ми ја упати заканата, МВР реагираше и регистрираше два начини на кој се снимени разговорите. Првиот начин е соред признанието во правосудска постапка, дека  лицето З.В.  врбувал 2 лица кои му помогнале во снимање на материјалите. Двете лица го призна делото во кривична постапка, едното лицето кое целосно го призна делото е З.К. и нему му е изречена затворска казна. Ќ.В отккао се соочил со доказите, го признава делото,и  по барање на З.В го врбувакл лицето  З.К.  врабтен  воМВР  во делот на следење на комуникации. З.В. Му кажал на З.К. дека материјалите им се потребни на странски служби , и тој ја прифаќа понудата за нелегално сминање и му ги прикажува снимките на З.В, а  тој му ги предал на Заев“, вели Груевски.

Снимањето почнао во 2010 година. Две лица веќе го признале делото, а  со тоа паѓаат обвинувањата на Заев дека зад нелеганото прислушкување стои Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалко.

Се снимало со т.н. мобилна  тактичка опрема. Повремено, на различни локации, главно во центарот на Скопје  се вршело  нелегалното прислушување. Локацијата постојано се  менувала. Опремата била вклучувана неколку часа во денот, а задачата ја извршувале високо обучени  професионалци.

Кон средината на 2014 година овие материјали доаѓаат до Заев, со цел да бидат исполнети целите на нарачателот – странската служба. Директните извршители се уапсени.

Грувски уште еднаш потенцира дека не прифаќа уцени и техничка влада, а за тоа дали безбедносниот систем е под закана, тој направи паралела и со многу развиени земји кои се соочиле со ваков проблем. Но, во случајот, најбитно е дека сторителите се фатени. Исто така, Груевски децидно посочи дека предвремени парламантарни избори, нема да има.

За веродостојноста на материјалите не сакаше да коментира, бидејќи се дел од кривична постапка.

„Порака до сите граѓани – важен е реалниот живот и проекти, потребите на сите вас и кој може да одговори на тие потреби. Кој може да обезбеди нови работни места, а деструкцијата нека ја  тераат тие е нека тонат во својата безидејност. Останете спокојни и терзвени во своите одлуки. Нас не чека нигу работа, имаме многу компаниии кои сакаат да инвестират. Ние не сме тоа што сакаат да не прикажат“ рече Груевски.

Погледнете ја прес- кoнференцијата на која се обрати премиерот Груевски