ВИДЕО: „Гугл“ создаде автомобил кој вози сам

„Гугл“ создаде автомобили без возачи за кои тврдат дека можат да го намалат бројот на човечките жртви на патиштата.

Изумителите Лери Пејџ и Сергеј Брин гледаат на автомобилите без возачи како на револуционерна технологија која енормно ќе го намали бројот на жртви во сообраќајни несреќи на патиштата.

Компанијата првиот автомобил од ваков вид го замислила пред пет години, а сега истииот е усовршен.

„Гулг“ нема да открие дали ќе направи свои автомобили или ќе им даде лиценца на производителите на автомобили.