ВИДЕО: Гвен Стефани, Џорџ Клуни и Џулија Робертс пејат заедно

Британскиот водител Џејмс Корден има сегмент во неговата емисија во кој што низ градот се вози со познатите ѕвезди, а понекогаш знае да ги запее и нивните хитови.

Овој пат гостинка му беше Гвен Стефани, но и оскаровците Џулија Робертс и Џорџ Клуни.

Сегментот од емисијата што се вика „ Carpool Karaoke“ водителот го искористи за да се повози со пејачката и да отпее со неа некои од нејзините стихови.

Пејачката по пат ја откри и тајната на нејзиниот младешки изглед.

Вљубена сум, мошне сум вљубена, тоа веројатно е како фејслифтинг, вели Стефани, која по разводот со Гевин Росдејл е во врска со колегата Блејк Шелтон.

Корден по ова во автомобилот ги повикал Џорџ Клуни и Џулија Робертс, што веднаш потоа ја пееја песната на Гвен „ Hollaback“, а веднаш потоа и безвременскиот хит на „Квин“, „We Are the Champions“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.