(ВИДЕО) Хаос на Кос- емигранти се тепаат да влезат на брод

Хаос на Кос- емигранти се тепаат да влезат на брод
Хаос на Кос- емигранти се тепаат да влезат на брод

Околку 50 емигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се судрија денеска кај главната полициска станица на грчкиот остров Кос, на кој досега пристигнаа неколку илјади емигранти.

Очајнички емигранти се обидуваат да го напуштат грчкиот остров Кос, додека таму се случува вистински хаос, од преголемиот број на емигранти, пишува британски Телеграф.

Вчера на грчкиот остров се случувал вистински хаос, додека емигрантите очајнички се обидувале да се качат на брод, започнувајќи и крвави меѓусебни тепачки.

Емигрантите имале мали шанси да се сместат, бидејќи приоритет според грчките власти за сместување на крузерот со капацитет од 2.500 места
Емигрантите имале мали шанси да се сместат, бидејќи приоритет според грчките власти за сместување на крузерот со капацитет од 2.500 места

Емигрантите имале мали шанси да се сместат, бидејќи приоритет според грчките власти за сместување на крузерот со капацитет од 2.500 места имале Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна во земјата и според меѓународното право имаат поголема заштита од економските имигранти.

Тие ги извикувале имињата на своите земји додека фрлале камења и се тепале со тупаници, а најмалку еден маж лежел на земја додека останарите го шутирале со нозе.

Околку 50 емигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се судрија денеска кај главната полициска станица на грчкиот остров Кос
Околку 50 емигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се судрија денеска кај главната полициска станица на грчкиот остров Кос

Некои од насобраните се обидувале да ја смират ситуацијата, додека грчката полиција не интервенирала.

Не интервениравме, бидејќи наш приоритет е заштита на полициската станица, рекол припадник на единицата.

Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна во земјата и според меѓународното право имаат поголема заштита од економските имигранти.
Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна во земјата и според меѓународното право имаат поголема заштита од економските имигранти.

Подоцна групата Иранци се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред станицата, но полицијата со пендреци ги принудила на повлекување.